четврток, септември 16, 2021

Пехарот од Купот на Македонија, вторпат во витрините на Куманово (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Куманово – Вардар (Куп на Македонија, финале, жени)

Ракометарките на Куманово дојдоа до победа од 26:18 во финалето од Купот на Македонија со што ја одбранија титулата освоена пред две години.

Екипата на Куманово си обезбеди трофеј во Купот на Македонија откако денеска го совлада составот на Вардар со 26:18. Кумановки беа подобри во поголемиот дел од натпреварот така што тоа и го крунисаа со победа на крајот од финалето. Со оваа победа беше одбранет трофејот во Купот освоен пред две години, а воедно беше најавена двојна круна бидејќи овој тим се наоѓа на одлична позиција и во првенството.