Екипата на Нант во ефикасен натпревар оствари тешка победа во 21. коло од првенството на Франција откако со пресвт во второто полувреме ја совлада екипата на Шарт со 40:36.
Кире Лазаров имаше забележителен настап на овој натпревар и во победата на својот тим придонесе со пет погодоци. Најефикасен беше Валеро Ривера со девет погодоци, а Печмалбек беше стрелец на шест гола.
После воведните минути Шарт го презема водството и успешно го одржуваше до крај на првиот дел. Највисоката предност на гостинскиот тим беше шест гола, 10:16 во 20. минута, а на полувреме Шарт имаше водство од 19:21.
Во вториот дел Нант долго го кршеше отпорот на Шарт, до израмнување Лазаров и колегите стигнаа дури во 49. минута на 32:32 и до крај со поквалитента игра успеаја да забележат конечен триумф.