Ракометарките на Куманово имаа уште едно доминанто издание во Женската лига, последната екипа за оваа полусезона која беше декласирана во Куманово е Спартак кој претрпе пораз од 46:17.
И во последното коло Куманово ја потврди супериорноста во домашното првенство. На половина од сезоната има максимален учинок од 12 победи во исто толку натпревари. На дуелот со Спартак не им дозволија на гостинките ниту да се понадеваат дека можата да стигнат до позитивен рзултат.
Од почетокот кумановки започнаа квалитетно, многу рано имаа висока предност од 10:2. До крајот на првиот дел продолжи супериорната игра, а на противникот му дозволија да постигне само шест гола. По 30 минути игра Куманово имаше предност 20:6.
До крајот остана да се одигра формално дуелот и само беше непознато со кој резултат ќе заврши мечот. За домашниот тим сите ракометарки во поле се запишаа во листата на стрелците и стигнаа до нова убедлива победа.
Најефикасна во победничката екипа беше Васка Глигоријадис со девет погодоци, а по шест гола постигнаа Александра Боризовска и Ана Шарановиќ. Во екипата на Спартак со по четири гола најефикасни беа Мартина Стефановска и Михаела Лазаровска.
КУМАНОВО – СПАРТАК 46:17 (20:6)
Сала: СОУ Перо Наков во Куманово. Гледачи: 200. Судии: Ѓоко Колевски и Сашо Кркачев. Делегат: Сашо Младенов.
КУМАНОВО: Косановиќ, Марковиќ 4, Пецанова 2, Трајковиќ 5, Ивановска 4, Боризовска 6, Шарановиќ 6, Чокели 3, Стојчевска, Кипријановска 2, Наумоска, Глиигоријадис 9, Радевска 2, Гичевска 3.
Седмерци: 2/2. Исклучувања: 4 мин.
СПАРТАК: Филиповска, Неделковска 1, Филиповска 2, Василева 1, Георгиевска, Самарџиска, Стефановска 4, Величковска 1, Димитрова 3, Лазаровска 4, Андонова 1, Кимовска, Кимовска, Кузмановска, Домазтовска.
Седмерци: 5/5. Исклучувања. 4 мин.