Ракометарите на Алкалоид ја забележаа третата победа во третиот натпревар од новата сезона во Првата лига.
Новиот прволигаш славеше убедливо над Астраион со 51-20. Гостите одржуваа рамнотежа до 6-5, потоа следуваше серија од десет гола на домашните за 16-5 и веќе беше јасно каков наптревар ќе гледаме до крај. До паузата беше 19-9 за Алкалоид.
Во вториот дел нападите на струмичани најчесто завршуваа со технички грешки, па домашните лесно казнуваа со голови од контранапади.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Александар Стојков со 11 погодоци, како и Божидар Илиески и Дарио Кофилоски кои погодија по седум пати. Кај Астраион се истакна Иванче Ончев со девет гола.