Грчкиот шампион Олимпијакос го освои првиот трофеј во новата сезона, откако во Суперкупот на Грција славеше против освојувачот на домашниот Куп од минатата сезона, тимот на Пилаја, со резултат 30:24 (16:12).
Суперкупот во Грција се одигра по пауза од 23 години, последниот Суперкуп беше одигран во далечната 1999 година кога екипата на Јонија го освои трофејот.
Предводник во победничката екипа беше искусниот Роберт Вебер, кој постигна осум гола, со што беше прогласен за МВП. Екс ракометарот на Вардар, Оливие Њокас постигна три гола за Олимпијакос, додека поранешниот ракометар на Еурофарм Пелистер, Владислав Острушко еднаш се запиша во листата на стрелци.
Олимпијакос во новата сезона освен што ќе ја брани освоената титула во домашниот шампионат, ќе се обиде да се претстави во добро светло на европска сцена.
Ракометарите на Олимпијакос ќе играат во рамки од Европскиот Куп каде за противник во второто коло ја имаат екипата на Слобода од Тузла.