Оливие Њокас и Томовски “везат” – Вардар ита кон прв триумф (ВИДЕО)

Вардар игра одличен натпревар во второто коло од Лигата на шампионите против Мешков Брест и на полувреме води со 19:13. Оливие Њокас и Мартин Томовски играат на високо ниво и го предводат својот тим кон првата победа во сезоанта. Њокас имаше неколку одлични рализации, а Томовски има одлично прво полувреме со одбранети осум удари на приотивничкиот тим. Неколку врвни потези на двајцата ракометари може да погледнете во следното видео...