Европската ракометна федерација во координација со клубовите и со ТВ куќите што ги пренесуваат натпреварите, ги потврди датумите за натпреварите од осминафиналето во Лигата на шампионите.
Поранешниот европски првак Вардар во оваа фаза од натпреварувањето ќе се соочи со унгарскиот гигант Веспрем.
Првиот натпревар ќе се одигра во Скопје, на 1 април со почеток во 18:45 часот, додека реваншот ќе биде во Веспрем на 8 април со почеток во 18:45 часот.
„Црвено-црниот“ тим беше на седмата позиција на табелата во групата А, но поради одлуката на ЕХФ, сите екипи обезбедија место во елиминациите.
Вардарци претходно ќе имаат уште два меча од регионалната СЕХА лига, како и натпревари од Купот на Македонија и суперлигашкиот плеј-оф.