Одложен е натпреварот Фленсбург – Вардар!

Иако до последен момент имаше навестувања дека германските власти ќe дозволат одигрување на натпреварот Флензбург – Вардар, истиот е ОДЛОЖЕН.

Причината за одложувањето е последното гостување на Вардар во Португалија.

Бидејќи Португалија е во “црвена зона“ германските власти бараат тимот на Вардар да биде во карантин доколку пристигне во Германија и сакаат да го играат натпреварот.

Планирано беше натпреварот со Флензбург да се одигра на 11 февруари во 18,45 часот во Германија.

За одигрување на истиот меч ќе се бара друг термин и координација со двете екипи.