Нов повик за Стефан Додиќ, но од…

Ракометарот на Металург, Стефан Додиќ откако дебитираше за сениорската репрезентација на Србија доби одново повик, но сега од селекторот на кадетите.

Тони Херона овој пат не го вброи меѓу сениорите, но затоа тој ќе биде дел од подготовките на кадетската селекција која на 13 и 14 март ќе игра против Израел.

Додиќ овие неколку дена е поврзуван со трансфер во Полска, во шампионот Келце, но засега нема официјална потврда.

Подготовките ќе почнат на 9 март, а меѓу повиканите е и голманот Предраг Мивјатовиќ, кој годинава нема настапи за екипата на Металург.