Вардар бил подготвен да игра и со „втор тим“, да дојдат ракометарите што останале во Скопје: Крстевски, Ќосевски, Гогов, Савревски па дури и повредениот Ѓукиќ. Но, СЕХА останала на ставот Вардар да биде исклучен и ППД Загреб да игра во полуфиналето.
Цел ден траела денеска голготата на ракометарите на Вардар во Загреб додека ја чекале одлуката на ИК на СЕХА лигата кои требало да решат дали настапот на македонскиот тим е „опасен“ за другите клубови. Екипата била во хотел, без можност за движење. Едниот позтивен е веќе во изолација, но имало притиоск и други да завршат во соба.
На онлајн состанокот на сите членови на ИК на СЕХА и клубовите учесници, најголема врева дигнал Мешков Брест. Претставникот на Мешков се заканил дека нивниот тим нема да се појави во Задар доколку на Вардар му се дозволи да игра. Причината била што кај „црвено-црните“ имало еден заразен ракометар, а дури седуммина играле и имале контакти со него. Но, тие седуммина биле вакцинирани и со втора доза, но немало поминати 14 дена. И тие требале да останат 14 дена во изолација!
Вардар бил подготвен да игра и со „втор тим“, да дојдат ракометарите што останале во Скопје: Крстевски, Ќосевски, Гогов, Савревски па дури и повредениот Ѓукиќ. А се со цел спортски да излезат на терен и да одиграа. Македонскиот тим почнал и процедура истите побрзо да стигнат до Загреб, а потоа заедно да се замине за Задар. Но, епидемиолозите и Мешков биле категорични дека Вардар не треба да игра на Ф4.
А со оглед на тоа што спонзорот на лигата е тесно поврзан со нив, очигледно е дека врската е доста цврста во поглед на правење простор Мешков полесно да стигне до финалето, а зошто да не и на трофејот. Тие го чекаат трофејот 10 години.
ППД Загреб, е како „лаки лузер“, но ниту тие не се епидмилошки чисти, зашто тие играа со Вардар. Па не може да се тврди дека тие не го добиле вирусот. Но, Ф4 без домашен тим не бидува.