Новото лево крило на Вардар, Јан Чувара, игра во одлична форма во полскиот шампионат во дресот на Горњик Забже.
Тој беше избран за МВП на последното коло во Полска, а конкуренти му беа бекот Михал Јурецки од Азоти Пулави и голманот Антон Деревјакин од Глогов. Чувара освои 341 глас, наспроти 196 за Јурецки и 91 за Деревјакин.
Новиот вардарец беше најдобар стрелец на дуелот кој Горњик го доби кај Гвардиа Ополе со 20-29 и даде осум гола.
Полското репрезентативно крило потпиша договор на две сезони со Вардар и доаѓа во Скопје на лето.