Новото засилување на Вардар од Полска, Јан Чувара, има одлична сезона зад себе во тамошниот шампионат.
Левото крило на Горњик Забже е номинирано за најдобро крило на сезоната во конкуренција на уште четворица ракометари.
Ривали на Чувара се двете крила на Висла Плоцк, Пжемислав Крајевски и Микал Дашек, потоа Аркадиуш Морито од Келце и Андриј Акименко од Азоти Пулави.
Чувара во досегашниот тек од сезоната успеа да постигне 79 погодоци од 100 обиди, а подели и 20 асистенции до соиграчите.