Нова драма во режија на Шведска, за малку од готово-вересија против Португалија

Светскиот вицепрвак Шведска ја забележа третата победа на Олимписките игри, откако во драматичен натпревар беше подобра од Португалија со 29-28. Иако имаа плус четири во финишот, сепак скандинавците се спасуваа во последните секунди.

Португалците отворија со водство од 0-3, но Шведска се врати набрзина на реми, 3-3, а во продолжение најчесто се играше гол за гол до 10-10. Избраниците на Переира во финишот на полувремето повторно се вратија на плус три, 10-13, преку Бранкињо, но Готфридсон во последните секунди донесе реми на паузата, 14-14.

На стартот на вториот дел Португалија водеше со 16-18, скандинавците израмнија на 18-18 и во продолжение ја преземаа контролата на теренот, но водеа само со еден или два гола разлика.

Тоа беше случај до 54 минута, кога момците на Глен Солберг преку Екберг стигнаа до највисоки 29-25. Но оттогаш не постигнаа гол до крајот. Португалија врза три гола преку Мартинс, Фраде и Фераз за 29-28, а Швеѓаните не реализираа во следниот напад, а останаа триесетина секунди за реми.

Но Мартинс не погоди во последниот напад на Португалија и Шведска среќно остана со победата. Најдобар стрелц кај Шведска беше Екберг со девет гола, а Паличка имаше 12 одбрани, додека кај Португалија, Гомес, Боргес и Мартинс дадоа по четири.