Николиќ: Не смееме да се откажеме од ниту еден ракометар

Сите во репрезентациајта на Србија очигледно се презадоволни од изборот на Тони Херона за нов селектор. Ратко Николиќ е именуван од Управниот одбор на РСС за директор на репрезентацијата и тој се очекува да биде најблискиот соработник на селекторот.

Николиќ најави дека Херона ќе ги врати сите ракометари кои од најразлични причини не играат за репрезентацијата и е потполно сигурен дека Шпанецот е вистински избор.

„Не смееме да се откажеме од никој. Мораме да престанеме да се делиме на стари и млади сите ни се потребни, само можеме до големи успеси. Тони Херона е подготвен да ги врати сите во репрезентацијата и мислам дека тоа е одлично. Без сомневање тој е вистинскиот избор за клупата на Србија во овој момент. Го познавам од времето кога беше помошник на Ривера и признавам дека таа шпанска школа многу ми се допаѓа. Соработував со многу шпански стручњаци сите имаат сличен стил на работа кој во овој момент е најдобар во светот. Само ни е потребно време, не можеме ништо преку ноќ“, рече Николиќ.

Херона ја предводи екипата на Шарт во француското првенство, а првиот негов предизвик на клупата на Србија би требало да бидат квалификациите за Европското првенство во 2022 година.