И покрај тоа што е во тек ЕХФ неделата, а седум ракометари се со репрезентациите во Вардар продолжуваат активностите. Тренерот Стевче Алушовски продолжува со тренинзите со оние ракометари кои се на располагање.
На тренинзите ги нема Марко Кизиќ, Стојанче Стоилов, Марко Мишевски, Филип Талески и Гоце Георгиевски, кои ќе бидат дел од репрезентацијата на Македонија. Ќе ги нема и Иван Чупиќ кој е со Хрватска и Кристијан Дисингер кој се врати во националниот тим на Германија.
Другите играчи ќе тренираат и ќе се подготвуваат за претстојните дуели од Лигата на шампионите. Во Скопје останаа и Марко Вујин и Патрик Валчак. Двајцата имаа повик за Србија и Полска, но нивните кампови се откажаа, па тие остануваат да тренираат со Вардар.
Позитивните на Ковид остануваат уште во изолација додека да помине предвиденото време за изолација и тие исто така ќе бидат отсутни од тренинзите. Сепак, се очекува тимот да биде комплетен пред дуелот против Келце на 19 ноември во Скопје.