Неизвесна завршница во Битола: Вардар едвај до триумф кај Пелистер

Ракометарките на Вардар остварија тешка победа на гостувањето кај Пелистер во Битола со 26-27.

Во првото полувреме избраничките на Александра Здравевска имаа предност и од плус четири, 10-6, но на пауза се замина со 15-13.

Во вториот дел по 23-23, вардарки погодија два пати во серија за 23-25 и до крајот не ја испуштија предноста. Битолчанки во неизвесниот финиш успеаја да намалат на минус еден, но немаше време за нешто повеќе.

Кај вардарки најдобри стрелци беа Стефаноска и Трпевска со по пет гола, додека кај Пелистер, Марија Јанкуловска даде 13 погодоци.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР880024
2АСТИБО850315
3СКОПЈЕ841313
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82157
5СТРУЖАНКА80080