НАЈ НАЈ НАЈ…НАСТАН…Завршниот турнир во време на корона во Келн и трофејот на Кил

Настанот што ја одбележа оваа 2020 година е завршниот турнир во Лигата на шампионите, кој се одржа во невообиачен божиќен термин.

Кил, ПСЖ, Барселона и Беспрем одиграа четири возбудливи натпревари во „Ланксес Арена“, за која не сме навикнати да зјае празна.

На бундеслигашот мус е даваа најмалку шанси пред стартот на Ф4, но Кил ја продолжи низата аутсајдерите да ја освојуваат титулата.

Во драматичен натпревар во полуфиналето го победија Веспрем, кој ниту во шестиот обид не успеа да стигне до титула на Ф4, додека во финалето покажаа дека ниту Барселона не е толку супериорна како што изгледаше.