четврток, септември 16, 2021

Натпреварот што го даде одговорот: Што после Манасков? (ВИДЕО)

Пред денешниот натпревар со домаќинот на СП, Египет, ќе се потсетиме на првиот меѓусебен дуел пред 22 години одигран на истото место во исто натпреварување. Тогаш Египет пред 15.000 домашни навивачи славеше со 30-24, откако на полувреме водеше со 18-8. На овој дуел Македонија настапи во состав - Ходик, Чурлевски, Манасков, Мандиќ, Лазаров, Ангеловски, Јовиќ, Николиќ, Зарков, Петрески, Марковски, Брестовац, а селектор беше Стефче Стефановски. Капитенот Кире Лазаров, тогаш како млад и надежен репрезентативец покажа дека во иднина ќе биде меѓу најдобрите десни бекови во светот и постигна осум голови. Погледнете го целиот натпревар меѓу Македонија и Египет одигран на 7 јуни 1999 година....