Навивачите им дојдоа во посета, побараа победа за прво место (ВИДЕО)

Денеска ракометарите на Келце ќе имаат дуел за првото место во Групата А од Лигата на шампионите, а за ривал го имаат тимот на Флензбург така што нема да биде воопшто лесно.

Ова е директна пресметка за врвот во групата и полесен ривал во следната рунда односно двобој со тимот на ППД Загреб, кој е ефинитивно последен во Групата Б.

За да добијат мотив повеќе, навивачите се појавија на последниот тренинг и од трибините им дадоа поддршка за да истраат во битката и да се обидат да бидат колку можат подобри на денешниот двобој од 18:45 часот против претставникот од Бундес лигата.

Ракометарите на Келце мора да победат за да бидат на првото место. Само така можат да се изборат за пласман во следната рунда од највисоката позиција. Поради победата од 31:30 на првиот натпревар, Флензбург е во подобра позиција и затоа со нерешено ќе оди на првото место. Со реми, Келце би бил второпласиран така што има многу математика на овој дуел.

Натпреварот денеска се игра во истиот термин кога играат и екипите на Вардар и Мешков Брест така што ова ќе биде доста интересна завршница на групната фаза од Лигата на шампионите во машка конкуренција.