Тимот на Еурофарм Работник со победа се одјави од Лигата на шампионите, откако во Битола славеше против Бидасоа Ирун со 25-23. Предводникот на домашниот тим, Божидар Мојсов е задоволен од победничкото деби.
„За мене ова е најпосакувано деби. Имавме тешка седмица, болни играчи, повредени играчи, но сите го дадоа максимумот и тоа треба да се цени. Денеска играа како екипа. Оваа екипа беше создадена за ЛШ и СЕХА. Имавме проблеми, но мислам дека конечно излегуваме на вистинскиот пат“, вели Мојсов.
За Еурофарм сега следуваат обврските во регионалната СЕХА лига и натпреварите против Загреб дома, и против Веспрем и Спартак Москва на гостински терен.