четврток, октомври 21, 2021

Молгард: Вардар е неверојатен тим, сон е да се игра пред ваква публика (ВИДЕО)

Данскиот Алборг минатата сезона беше финалист во Лигата на шампионите, и како вицепрвак допатува во Скопје. Сепак беше поразен од Вардар со 30-.28, а еден од најдобрите играчи во Алборг, Хенрик Молгард беше воодушевен од атмосферата во салата "Сон е да се игра пред ваква публика, се надевам дека повторно еден ден ќе заиграме пред полни трибини. Вардар е неверојатен тим и беше подобар вечерва, а сите натпревари на гостински терен се тешки за нас", вели Молгард. Погледнете ја целосната изјава во видео прилогот...