Митревски има една од најдобрите одбрани за ноември во СЕХА (ВИДЕО) - 24 РАКОМЕТ
понеделник, септември 7, 2026

Митревски има една од најдобрите одбрани за ноември во СЕХА (ВИДЕО)

Откако ги објави најдобрите погодоци за месец ноември, медиа тимот на регионалната СЕХА лига ги објави и најдобрите пет одбрани.

Меѓу нив има место за најдобриот голман во ова натпреварување – Никола Митревски од македонскиот вицепрвак Еурофарм Работник.

Една од неговите одбрани на дуелот со белорускиот тим Мешков Брест влезе во ТОП 5, а покрај него во изборот се Тодор Јандриќ, Иван Пешиќ, Иван Мацкевич и Олександр Билји.

Погледнете…