четврток, септември 18, 2025

Милан Поповиќ го има еден од најубавите погодоци во Лигата на Европа (ВИДЕО)

Иако сезоната одамна заврши, сепак медиа тимот на ЕХФ дури денеска ги објави ТОП 10 погодоци во Лигата на Европа. Сега веќе екс крилото на Металург, Милан Поповиќ, има еден од најубавите голови. Тој беше постигнат на гостувањето во Русија кај Чеховски Медведи, кога сам пресече топка, сам истрча контра и успешно реализираше. Погледнете....