Металург се прошета низ Струга

Ракометарките на Металург забележаа нова победа во Женската лига, откако триумфираа на гости кај Стружанка.

Во натпревар од 24 коло, избраничките на Јулијана Дамчевска без мака го совладаа тимот од Струга со 21-40.

Победникот беше познат уште по првото полувреме. По водството на Стружанка со 5-4, гостинките од Автокоманда направија серија од пет погодоци за 5-9, а до крајот на полувремето стигнаа и до плус осум, 12-20.

Јасно беше каков дуел ќе гледаме во второто полувреме, и дека ќе се бројат само постигнатите голови на двете екипи.

Металург броеше до 40, а домашните додадоа уште девет во вториот дел. Најдобар стрелец кај гостинките беше Марија Тасевска со десет гола, додека кај Стружанка се истакна Магдалена Делиоска со шест погодоци.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР880024
2АСТИБО850315
3СКОПЈЕ841313
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82157
5СТРУЖАНКА80080