Металург продолжува со ракометниот маратон во кој влезе на 16 декември и во рамките на кој веќе одигра четири средби.
До крајот на тековната година, тимот од Автокоманда го очекуваат уште три натпревари, сите во домашното првенство, а сите три ќе ги одигра без странските ракометари.
Тие добија можност да ги прослават празниците со семејства, односно повеќе одмор пред некои од нив да се појават на репрезентативните собири.
Против Тиквеш, Младост Богданци и Бутел Скопје, тренерот Оливер Димитриоски ќе им даде шанса на оние ракометари со помала минутажа, бидејќи Металург веќе го обезбеди своето место во плеј-офот.
Првата од овие три средби се игра вечерва во Автокоманда, против Младост Богданци со почеток во 20:00 часот.