Репрезентативецот на Македонија и ракометар на Еурофарм Пелистер, Бојан Маџовски беше успешно опериран и почнува со периодот на рехабилитација откако се повреди за време на подготовките за националниот тим пред заминувањето за Египет.
Повредата ја заработи на контролниот натпревар против Чиле, а имаше повреда на прстот на раката, а информациите од Битола се дека хируршката интервенција минала во најдобар ред и дека тој би требало да мине во рехабилитација околу еден месец.
Поради оваа повреда тој беше спречен да биде дел од националниот тим на Мундијалот и во последен момент мораше да се менува на позицијата лево крило.
Според информациите тој би требало да може да им помогне на колегите во натпреварите од плеј-офот и елиминациите од Лигата на Европа. Додека го нема во составот на Еурофарм Пелистер, Гоце Ојлески е единствениот ракометар кој игра на позицијата лево крило.