Унгарската легенда Мате Лекаи порано од очекувањата го заврши престојот во гигантот Веспрем, една сезона пред истекот на договорот.
Иако клубот објави за спогодбено раскиннување на договорот само на ден пред стартот на подготовките, тоа беше најавено поодамна, бидејќи играчот не беше задоволен од улогата во тимот и минутажа што ја добива.
Според информациите на 24Ракомет, средниот бек најверојатно ќе остане во Унгарија и ќе одбере една од понудите што ги имаат доставено до него од Балатонфуреди и Ференцварош, двата претставници на Унгарија во Лигата на Евроопа.
На неговата позиција во Веспрем сезонава беше донесен уште еден ракометар, Јахја Елдера, а таму често играат и Лауге и Ненадиќ, па логичен е потегот на Лекаи да замине. Иако се најавуваше трансфер во послката Висла Плоцк, веројатно од тоа нема да има ништо.
Лекаи играше долго време за ПИК Сегед, пред да замине во словенечкиот Целје, од каде се врати во татковината и осум сезони го носеше дресот на Веспрем.