Репрезентацијата на Полска се соочи со првит проблеми откако пивотот на ПСЖ, Камил Шипжак доби позитивен тест на Ковид 19. Ова значи дека првиот избор за пивотменската позиција останува и без настап на Светското првенство што отвора простор повеќе за играчот на Вардар, Патрик Валчак.
Селекцијата на Полска в среда игра натпревар против Турција од квалификациите за Европското првенство во 2022 година. Тоа ќе биде и добра можност да се провери формата пред заминувањето на Мундијалот во Египет.
Шипжак секако беше планиран за да игра во Турција, но не се најде меѓу 16. патници. Веднаш потоа беше објавена информација дека ракометар кој настапува надвор од Полска е позитивен на Ковид 19 така што немаше многу дилема за кој ракометар се работи.
Без Шипжак селекцијата на Полска ќе биде ослабена, но дефинитивно ова ќе отвори повеќе простор за игра за ракометарот на Вардар, Патрик Валчак така што ќе може да смета на поголема минутажа и на Мундијалот кој почнува на 13 јануари.