Во екипата на Татран Прешов им нема крај на проблемите, па после забраната која беше ставена од страна на државата сега дојде лоша вест за еден позитивен ракометар на Ковид 19.
Поради ова тимот на Татран Прешов има двоен удар и сега е во уште поголема неизвесност стартот на сезоната за клубот ивоСЕХА и во Лигата на Европа.
Од клубот веќе ги потврдија информациите дека има играч кој има позитивен тест и дека поради ова мора целиот тим да оди во изолација.
„Во сениорскиот тим на Татран Прешов има позитивен наод на Ковид 19 кај еден ракометар. После денешниот резултат веднаш ги презедовме следните чекори за да спречиме натамошно ширење на вирусот. Ведбаш беа известени сите и од регионалната канцеларија за јавно здравје на Словачка и во Ракометната федерација на Словачка. Нашиот тим заедно со младинскиот состав ги прекина активностите. Откажанисе и натпреварите“, велат од Татран Прешов.
Ова значи дека засега сите се во изолација и засега сè е во неизвесност во клубот околу натамошниот развој на ситуацијата.
Инаку, информациите говорат дека ракометарот е добро и има само благи симптоми на вирусот.