Македонци ќе им судат на Лазаров и Нант

Европската ракометна федерација ги делегираше судиите за натпреварите од првото коло во групната фаза на ЕХФ Купот.

Македонските арбитри Благојче Тодоровоски и Димитар Митревски ќе ја делат правдата на натпреварот меѓу Нант на Кире Лазаров и Абанка Адемар Леон.

Делегат ќе биде Антонио Гулао од Португалија. Овој натпревар е закажан за 9 февруари од 17:00 часот во „Палатата на спортовите“ во Нант.

Уште една судиска двојка од Македонија, Даниело Божиновски и Виктор Начевски, ќе дели правда на возвратниот дуел меѓу Нева Санкт Петербург и Халден од Норвешка од Челинџ Купот на 16 февруари.