Македонските тренери по лиценца во Охрид, на семинарот ќе предаваат Бабиќ, Стојановиќ, Металари…

Задолжителниот тренерски семинар, на кој македонските тренери ќе добијат лиценци пред стартот на новата сезона, ќе се одржи утре во Охрид.

Околу 160 тренери ќе бидат присутни во СРЦ „Билјанини Извори“, а на семинарот ќе има и петмина предавачи.

Претседателот на Здружението на ракометни тренери, Гино Стрезовски, ќе ги отвори предавањата од 11:00 часот, додека Камер Металари ќе има предавање на тема „Правила на ракометната игра“.

Потоа следување предавање на тренерот на Еурофарм Пелистер, Жељко Бабиќ на тема „Социјално тактички концепт во ракометен клуб“.

По паузата за ручек, тренерите на Охрид и КЛ7, Раде Стојановиќ и Андон Бошковски, ќе имаат демонстрација на вежби за шутерски тренинг од сите позиции и елементи на групна тактика и техника во фазата на нападот.