Тимот на Македонија Ѓорче Петров ја забележа шестата сезонска победа во прволигашката конкуренција, откако славеше на гостувањето кај Шампион со убедливи…
Гостите отворија со водство од 5-0, а победникот беше решен уште во првото полувреме кога избраниците на Оливер Димитриоски водеа со девет гола разлика, 17-8.
Вториот дел беше само формалност, бидејќи Шампион не успеваше да го загрози високото водство на Македонија Ѓорче Петров, иако во финишот ја преполови негативата.
Сепак на крајот ѓорчевци си заминуваат со целиот плен со триумфот од 35-29. Најдобри стрелци кај победникот беа Ролевски со осум, а по шест постигнаа Ѓорѓевски и Ѓиноски. Кај Шампион се истакнаа Петровски со шест и Дебрешлиоски со пет.
Следен предизвик за Македонија ЃП ќе биде гостувањето во Свети Николе кај Овче Поле, додека Шампион го пречекува Мулти Есенс.