Женската сениорскарепрезентација на Македонија денеска патува за Букурешт каде утре од 17 часот ќе го одигра првиот натпревар против Романија. Дуелот ќе биде само прво полувреме и за очекување е да се даде најдоброто, а селекторот Симовски ќе има можност утре да бира од 17 ракометарки за составот на првиот дуел.
Од повиканите 20 ракометарки и оние кои работеа во последните неколку дена во Македонија остануваат Марија Јовановска, Тамара Ивановска и Теодора Дукоска. Репрезентацијата заминува во 16 часот со чартер за Романија, па ќе има доволно време и за одмор и за подготовка пред утрешната средба.
Во комбинација за тимот на утрешната средба се: Серафимова, Мицевска, Ристовска, Ливриниќ, Дабевска, Јанкуловска, Николиќ, Седлоска, Стојковска, Јовановска, Стојановска, Боризовска, Јанеска, Гичевска, Ѓеорѓиевска, Џатевска и Гакидова.
Баражот за Светското првенство во Шпанија ќе биде комплетиран в среда од 17 часот во Скопје на дуелот кој ќе биде одигран во СЦ „Јане Сандански“.