Кадетската репрезентација на Македонија во женска конкуренција денеска ги почна натпреварите на ЕХФ шампионатот и тоа со убедлива победа против Косово со 33:15 и покажа дека ќе биде во борба за добар пласман во Клаипеда во Литванија.
Од оваа средба е добро тоа што главните ракометарки имаа можност да се загреат за турнирот, но и да одморат бидејќи рано направија голема предност.
Сепак, сега следува главното бидејќи утре против Литванија ќе биде новиот испит, а потоа в среда против Шпанија ќе биде главното. Финска ќе биде последниот ривал со кој ќе треба да се игра в четврток кога ќе се види дали ќе има можност да се дојде до полуфинале.
После вториот ден на врвот на табелата е Шпанија која има две победи, па најавува кандидатура за битка за место во финалето.
ЕХФ ШАМПИОНАТ ЗА КАДЕТКИ
ГРУПА A
РЕЗУЛТАТИ ОД 2. КОЛО
ШПАНИЈА – ФИНСКА 27:17 (14:6)
МАКЕДОНИЈА – КОСОВО 33:15 (17:5)
ДВОЈКИ ЗА 3. КОЛО (ПОНЕДЕЛНИК, 9 АВГУСТ)
16:00ч
ФИНСКА – КОСОВО
18:00ч
ЛИТВАНИЈА – МАКЕДОНИЈА
ТАБЕЛА: 1. Шпанија 4 бода (66:26); 2. Македонија 2 (33:15); 3. Финска 2 (47:54); 4. Литванија 0 (27:30); 5. Косово (24:72).
ГРУПА Б
РЕЗУЛТАТИ ОД 2. КОЛО
ИСЛАНД – ТУРЦИЈА 28:19 (14:10)
БЕЛОРУСИЈА – ЛЕТОНИЈА 39:21 (17:13)
ДВОЈКИ ЗА 3. КОЛО (ПОНЕДЕЛНИК, 9 АВГУСТ)
12:00ч
ПОЛСКА – БЕЛОРУСИЈА
14:00ч
ТУРЦИЈА – ЛЕТОНИЈА
ТАБЕЛА: 1. Исланд 4 бода (63:42); 2. Белорусија 2 (39:21); 3. Полска 2 (21:20); 4. Турција 0 (39:49); 5. Летонија 0 (44:74).