Македонската радио телевизија оваа седмица ќе започне со емитување на четири нови телевизиски канали, а меѓу новите канали ќе има еден особено значаен за љубителите на спортот – МТВ 3.
Новиот спортски канал ќе биде бесплатно достапен за сите граѓани во Македонија и тоа преку терестријалната мрежа, како и преку платформите на сите кабелски оператори.
МТВ 3 ќе биде комбинација од спорт и забава, ќе ја стартува програмата на 10 април во петок со почеток во 16:00 часот.
Долги години најголемите спортски настани, македонската јавност мораше да ги следи на странски спортски канали без коментар на македонски јазик, а спортската редакција на МТВ 3 ќе се обиде да го промени тоа.