Кире Лазаров и неговиот Нант успешно ги продолжуваат настапите во Лигата на Еворпа, а во 7. коло на домашен терен Нант беше убедлив против финскиот претставник Кокс со 36:25 забележувајќи ја четврта победа.
Лазаров беше дел тимот, но немаше голема минутажа и успеа да постигне два гола во завршницата од мечот. Нант уште после првите 30 минути имаше добра предност кога водеше со 17:12. Во продолжението со одлична игра Нант стигна до победа со двоцифрена разлика.
Робин Микаел беше одличен на голот на победничкиот тим и имаше 14 успешни интервенции. Најефикасен со седум гола беше Рок Овничек, додека пет постигна Валеро Ривера. За екипата на Кокс, Пјотр Рибски беше стрелец на шест гола.
На останатите натпревари во терминот од 20:45 часот Бенфика го совлада тимот на Лемго со 35:30 откако во вториот дел го скрши отпорот. После првиот дел беше нерешено 15:15. Савехоф на крајот успеа да слави кај Ла Риоха со 29:30, тимот од Шведска имаше седум гола позитива во првиот дел, во продолжението Ла Риоха направи пресврт и поведе, но на крајот, сепак, гостите запишаа нови бодови.
Бидасоа Ирун немаше проблеми да слави на дуелот со Татран Прешов, домашниот тим забележа триумф од 33:24. Шпанците уште после првиот дел беа на добар пат кон победата и водеа со пет разлика која беше доволна во продолжение за конечна победа. Кадетен го совлада Спортинг со 26:24 и се израмни на втората позиција со по осум бода со Еурофарм Пелистер во групата Д.
ЛИГА НА ЕВРОПА
РЕЗУЛТАТИ ОД 7. КОЛО
ГРУПА А
ТУЛУЗ – ФУКСЕ БЕРЛИН 28:27 (16:13)
ВИСЛА ПЛОЦК – ФАДИ ВИНТЕРТУР 35:27 (16:9)
БИДАСОА ИРУН – ТАТРАН ПРЕШОВ 33:24 (16:11)
ТАБЕЛА
ГРУПА Б
ГОГ – ЧЕХОВСКИ МЕДВЕДИ 27:26 (15:14)
БЕНФИКА – ЛЕМГО 35:30 (15:15)
НАНТ – РИХИМАЕН КОКС 36:25 (17:12)
ТАБЕЛА
ГРУПА Ц
МАГДЕБУРГ – ГОРЕЊЕ 34:24 (20:12)
ЛА РИОХА – САВЕХОФ 29:30 (12:16)
НЕКСЕ – ЕКС АН ПРОВАНС 33:29 (17:12)
ТАБЕЛА
ГРУПА Д
НИМ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 25:23 (13:12)
ТАТАБАЊА – АЕК 25:24 (12:12)
КАДЕТЕН – СПОРТИНГ 26:24 (10:11)
ТАБЕЛА