Тимот на Нант, каде што игра македонскиот капитен Кире Лазаров, загуби на гостувањето кај составот на Лимож со минимални 32-31.
Нашиот репрезентативец беше најдобар стрелец во Нант и на натпреварот воопшто со десет голови од 15 обиди, но тоа не беше доволно барем за бод од незгодното гостување.
Нант водеше во првиот дел и со четири голови, но во финишот губеше и со три разлика. Сепак израмни преку Балагер на 31-31 на триесетина секунди до крајот.
Но во последната прими гол и Лимож, кој беше предводен од алжирскиот репрезентативец Бразиле со девет голови, се радуваше на голем триумф.