Следниот викенд се игра завршниот турнир од Лигата на шампиони во Келн кога Европа ќе добие нов шампион, а за пехарот ќе се борат Нант, Барселона, Алборг и ПСЖ.
Засега според мерките во Германија трибините на „Ланксес Арена“ би требало да останат празни, но тоа би можело да се промени во зависност од состојбата со Ковид-19. Според тоа што ширењето на вирусот стивнува веројатно ќе има гледачи во Келн.
Организаторите би можеле да дозволат присуство на најмногу 500 гледачи на завршниот турнир доколку во наредните денови до среда инциденцата на заразување остане под 50 како што беше изминатите денови.
Иако „Ланксес Арена“ има капацитет од 20.000 гледачи, организаторите ќе дозволат само 500 гледачи што покажува дека сакаат да избегнат секако ризик од можно ширење на коронавирусот.