Екипата на Нант продолжува со одличните игри, откако обезбедија пласман на завршниот турнир во Лигата на шампионите и во домашното првенство тирумфираа убедливо против Лимож со 39:22.
На овој натпревар селекторот и капитен на репрезетнацијата на Макеоднија Кирил Лазаров доби поштеда од тренерот и одмараше, но секако беше поддршка од клупата за својот тим.
Нант играше одлично и од самиот почеток ја градеше предноста, на полувреме тимот на Лазаров имаше водство од 18:12. Во продолжението Нант доминираше уште повеќе и постојано ја зголемуваше позитивата за конечна победа со огромни 17 гола разлика.
Со овој триумф Нант останува на третата позиција и ја продолжува победничката серија. Предводник во победата беше младиот пикер Тео Монар кој постигна седум гола, а втор стрелец беше Балагер со шест гола.