Репрезентативецот на Белорусија, Владислав Кулеш би можел да го напушти составот на Келце поради неговата слаба форма во подготвителниот период на екипата.
Од неговата игра на подготовките не е задоволен ниту главниот тренер, Талант Душебаев. Шпанскиот стратег во Келце бара дисциплинирана игра од секој играч и максимална борба до самиот крај.
„Не знаеме што се случува со Владислав, но ќе разговараме со него. Не сум задоволен од квалитетот на неговата игра ниту во одбраната, ниту во нападот. Секој играч мора да биде професионалец. Ако не играте на нивото што го очекуваме, тогаш ќе кажеме збогум, како и со секој друг играч“, изјави Душебаев во етерот на ТВ каналот Белорусија 5.
На левата бековска позиција, Келце ги има на располагање и Даниел Душебаев, Симон Сичко и Томас Гебала, па најверојатно можното заминување на Кулеш нема многу негативно да влијае во полскиот шампион.