Машката сениорска репрезентација на Македонија нема да може да смета на тројца ракометари за квалификациите за ЕП 2020 против Финска и Швајцарија, а ќе нема ниту тројца тренери.
Сите шестмина се позитивни на Ковид 19 и ќе ги пропуштат овие натпревари.
Уште првиот ден беше познато дека Брестовац остана без два члена на стручниот штаб откако Матлиески и Царчев беа позитивни, а исто така и без Марио Танкоски.
Денеска после новите тестирања и Раде Стојановиќ, кој требаше да биде во стручниот штаб исто така е позитивен, како и уште двајца ракометари, Мартин Велковски и Мартин Поповски.
Сите шестмина мораат во изолација и ќе бидат надвор од репрезентацијата за оваа ЕХФ недела.