Коларовска и Василева незапирливи, Спартак подобар од Овче Поле СУ

Ракометарките на Спартак во рамките од 23. коло од Женската лига беа подобри од Овче Поле СУ со 28:24. Со победата против Овче Поле СУ, Спартак ги зголеми своите шанси за пласман меѓу најдобрите шест екипи на табелата.

Избраничките на Велимир Мицевски имаа одличен старт, беа во водство од 2:7, но домашниот состав на Овче Поле СУ полека се враќаше во игра. На пет минути пред крајот на првиот дел, Манева со својот гол го намали водството на противникот на 8:11.

Спартак успеа да се справи со предизвикот и со отпорот на противникот и замина на полувреме со предност од плус три разлика, 13:10.

Солидната игра на домашниот состав продолжи и во вториот дел. По пет минути игра во второто полувреме, Спартак го зголеми своето водство на 16:12. Во продолжението, Овче Поле СУ заостануваше два до три гола и никако не можеше да фати приклучок. До крајот, Спартак успеа да го зголеми водството и да оствари победа со четири разлика.

Екипата на Спартак беше предводена од Ана Марија Коларовска со 12 и Симона Василева со 10 гола. Во составот на Овче Поле СУ, Елена Вучевска беше најефикасна со седум гола.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР880024
2АСТИБО850315
3СКОПЈЕ841313
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82157
5СТРУЖАНКА80080