Еден од главните дефанзивци во Бундес лигата, Чехот Павел Хорак ја продолжи соработката со тимот на Кил и ќе продолжи со настапите во најсилната лига на Германија и во Лигата на шампионите.
Хорак има 39 години, но тоа не е проблем да продолжи да игра на високо ниво и понатаму.
Неговите игри се важни за одбраната на тимот,а знае да помогне и во нападот. Секако неговиот сонародник Филип Јиха ќе го користи со намалена минутажа, но дефинитивно уште го има плановите и ќе соработуваат и во сезоната која што следува.
Павел Хорак дојде во Кил во 2019 година од редовите на Мешков Брест.