четврток, септември 18, 2025

Кизиќ блеска на стартот против Порто – собра пет одбрани за десетина минути (ВИДЕО)

Европскиот шампион Вардар во овие моменти гостува кај португалскиот првак Порто во натпревр од 13 коло во Лигата на шампионите. Победа на овој натпревар ќе му донесе на „црвено-црниот“ тим ќе му го донесе најмалку петтото место на табелата, а во последното коло би бркал и нешто повеќе. По десетина минути резултатот е 3-3, а најзаслужен за тоа е младиот голман Марко Кизиќ, кој собра пет одбрани, од кои две против најдобриот стрелец на Порто, Диого Бранкињо.