По победата над ПСЖ пред две седмици, Мешков Брест беше вратен во реалноста. Полскиот Келце ги спушти на земја тренерот Раул Алонсо и неговите избраници, кои очигледно си ги „кренаа“ акциите по триумфот над дрим тимот од Франција.
Келце полесно од очекувањата славеше над белорскиот првак со 34-27. Избраниците на Талант Душебаев уште на полувреме ја обезбедија победата, откако водеа со 18-11. Имаше неизвесност во првите десетина минути кога беше еден или два гола разлика за домашниот тим.
По 8-6, стрелаа Каралек, Гудјонсен и Морито и зголемија на 11-6. Потоа се беше полесно да се стигне до плус седум, 18-11 на пауза, а вториот дел беше чиста формалност, иако гостите во неколку наврати намалија на минус четири.
Во полскиот тим, Алекс Душебав, Карачиќ, Каралек и Гудјонсен дадоа по четири погодоци, додека кај Мешков Брест, Шумак и Вајлупов беа прецизни по пет пати.