Карабатиќ се врати, со нетрпение го очекува турнирот во Келн

Репрезентативецот на Франција и член на ПСЖ, Никола Карабатиќ по седум месеци надвор од терените конечно се врати во игра и полека се враќа во форма за новата сезона.

Искусниот ветеран настапи на натпреварот против Ст. Рафаел во рамките од домашниот шампионат. ПСЖ убедливо го доби натпреварот со 44:32. На овој дуел, Карабатиќ одигра солидно и постигна четири гола.

„Со нетрпение го чекав овој момент бидејќи тренирав со тимот неколку недели. Добро е да се вратиме, да играме пред навивачите и да немаме никакви проблеми. Со нетрпение го очекувам крајот на сезоната, особено „фајнл-форот“ од Лигата на шампионите”, изјави Карабатиќ за ЕХФ.

Минатата година во месец октомври, Карабатиќ се здоби со повреда на десното колено и поради тоа пропушти најголем дел на натпреварите од Лигата на шампионите, домашното првенство, но и Светското првенство во Египет.