Ракометарот на екипата на ПСЖ и на репрезентацијата на Франција, Лука Карабатиќ го продолжи договорот со тимот од Париз и ќе биде дел од шампионот на својата земја и во следните три години.
Карабатиќ го продолжи договорот во летото во 2024 година што значи дека пивотменската позиција е решена во тимот на ПСЖ.
Лука Карабатиќ дојде во редовите на ПСЖ во 2015 година oд тимот на Екс ан Прованс. Оттогаш има голем број на успеси со актуелниот првак на Франција.
„Ова продолжување на соработката ја симболизира целата моја приврзаност кон ПСЖ. Мило ми е што ја продолжувам авантурата во дресот на тимот од Париз. Со текот на годините, развивме многу силен однос со менаџерите, тренерите, соиграчите и навивачите. Довербата што ми ја даваат ми помага да растеме. Убеден сум дека ќе постигнеме одлични резултати и ќе можеме да освојуваме нови трофеи“, вели Карабатиќ.
Ова значи дека искусниот пивот ќе продолжи со ПСЖ барем до 36 годишна возраст, а потоа останува да се види како ќе се одвиваат работите.