четврток, октомври 21, 2021

Како во најдобрите денови – Вардар и Металург 50 минути имаа супер двобој (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Вардар – Металург (Супер машка лига)

Екипата на Вардар го совлада Металург со 38:30 во 6. коло од Супер машката лига. Металург беше рамноправен ривал 50 минути, а потоа во финишот Вардар успеа да го казни противникот, кој има мал број на играчи во ротација. Покрај тоа играше и без Хорват на овој дуел. Ова беше победа број 6 за Вардар, а петти пораз за Металург.

Вардар го совлада Металург во 6. коло од Супер машката лига со 38:30 откако после големо надигрување имаше одличен финиш. Металург беше добар ривал кој успеа да парира во поголемиот дел од средбата и успеа да биде рамноправен противник, но не можеше во финишот. Средбата беше максимално интересна, но на крајот бодовите останаа за домаќинот. Ова беше воедно и подготовка за Вардар пред дуелот против Монпелје од Лигата на шампионите и шанса за дел од играчите да ја задржат формата пред овој важен натпревар.