Ракометарите на ГРК Тиквеш продолжуваат со доминацијата во плеј-аут групата од Супер машката лига, а денеска со 28:23 го совладаа Младост со што сега имаат сигурни плус шест пред групата од три екипи од втората до 4. позиција.
На средбата против Младост немаше никакви проблеми за кавадарчани кои во ниту еден момент немаа поголем проблем за бодовите.
Уште во текот на првите 30 минути се виде дека тимот од Кавадарци е во предност и ГРК Тиквеш успеа да одработи добра средба така што дојде до предност од пет гола. Првиот дел го реши со 15:10 така што овие пет погодоци гарантираа мирно продолжение од средбата.
Во второто полувреме предноста беше и зголемена. На моменти предноста беше седум или осум гола така што победникот беше решен рано и немаше поголем проблем до крајот од натпреварот да се обезбеди победата.
Гостите од Богданци успеаја да намалат, но не можеше да сторат повеќе така што со новите три бода ГРК Тиквеш се доближи до опстанок во Супер машката лига.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – ПЛЕЈ-АУТ