И Црна Гора ја поништи сезоната, во новата сè исто како лани

После Хрватска и Црна Гора објави крај на сезоната, откако истата ја поништи така што се бришат сите натпревари кои беа одиграни во послените месеци.

Со оглед на тоа што пред прекинот на сезоната биле одиграни само 60 проценти од натпреварите, а Будуќност уште не е ниту вклучена во првенството немало друг избор освен да се стави крај на сезоната.

Екипите не се во тренажен процес, а со оглед на тоа што забраната ќе трае уште барем 15 дена ќе биде тешко бидејќи ќе треба да бидат одработени подготовки пред да се играат натпревари. Тоа значи да се играат натпревари во јуни и јули, а во Црна Гора нема услови.

Затоа раководството на Ракометната федерација на Црна Гора донесе одлука да нема шампиони ниту во машка ниту во женска конкуренција. Нема да има ниту испаѓање од лигата, а нема ниту да има влагање од Втората лига. Според тоа и во сезоната 2020/21 сè останува исто како и пред почетокот на сезоната 2019/20.